ANZAC Centenary 2014-2018: Sharing Victoria's Stories

НА КОГО ЌЕ СЕ СЕЌАВАТЕ?

who collage landscape

25 април – Денот на АНЗАК, го одбележува истоварувањето на австралските и новозеландските сили во Галиполи на тој ден во 1915 година. На Денот на АНЗАК, Викторија се сеќава не само на сите тие кои служеа во Првата светска војна, туку и во судирите и операциите во текот на целиот изминат век. Се сеќаваме на тие кои служеа и се жртвуваа, и на сите на кои војните и судирите оставија траги.

Независно од тоа дали вашето семејство е тука сто години, илјада години или штотуку пристигнало, Денот на АНЗАК е ден на сеќавање за сите жители на Викторија.

Без оглед дали е тоа службата во мугри во Храмот на Сеќавањето во Мелбурн или служба во локалната заедница, тоа е време за сеќавање и создавање врски.

Одбележувања на Денот на АНЗАК во Викторија